Дома Популарно Вознијак: Ако сакате приватност, исклучете се од Facebook

Вознијак: Ако сакате приватност, исклучете се од Facebook

291
0
АКЦИЈА

Вознијак смета дека луѓето треба да се исклучат од Facebook доколку сакаат да ја задржат нивната приватност, бидејќи треба да бидат свесни дека во спротивно самите дозволуваат некој да манипулира со нивните податоци.

Некогашниот најблизок соработник на Стив Џобс тврди дека преку апликацијата Facebook е можно да се прислушкуваат телефоните на корисниците и предупредува дека „скоро и да не постои начин тоа да се спречи“.

Тој го напушти Facebook засекогаш минатата година, со тоа што го избриша неговиот профил набрзо откако се дозна за скандалот со Cambridge Analytica, а им порача на сите кои се загрижени за нивната приватност да го направат истото.

„Знаат сѐ за вас. Тоа значи дека со помош на ласери можат да ги измерат отчукувањата на вашето срце и можат да ве слушаат од сите уреди на кои сте поврзани. Посебна опасност се телефонските разговори, бидејќи тие слушаат и она што треба и она што не треба. А знајте дека скоро и да не постои начин тоа да се спречи. Којзнае дали во овој момент мојот телефон се прислушува“, додава Вознијак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here