Дома Македонија Економија Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно

Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно

719
0
АКЦИЈА
Фото: Б. Грданоски

Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно, поточно спроти манастирот „Св. Пантелејмон“, кој беше отворен пред три години, но се затвори во октомври лани.

Катанец на портите ги чува новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат од здивот на Македонија.

Тажно висат обесени македонските знамиња на високите јарболи. На дрвените чардаци никој не може да си почине. Фенерите не светат, а дворовите од животни ги чуваат испреплетени суви гранки. Ни куче не лае по ‘селските’ улици.

Околу селото природата си го зема своето. Неискосена трева повисока од човек, гранки и обраснати патеки. Она што требаше да потсетува на серијата „Македонски народни приказни“, е оставено на забот на времето. Но можеби само затоа што е градено по терк на старите македонски села, од камен, сè уште ‘грее’ на летното, скопско сонце.

Комплексот се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.

Повеќе на Независен

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here