Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО.
Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.
Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.