Дома Македонија Заев му пишал на пранкерот кој го измами дека е Порошенко

Заев му пишал на пранкерот кој го измами дека е Порошенко

166
0
АКЦИЈА

Откако во разговори го измамија дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пранкерите повторно го контактирале Заев.

Премиерот, како што обелодени вечерва во изјава за „Клан“, им вратил на пораката.

-Вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака. Реков дека јас сум чесен човек, немојте да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. Некој можеби живее од тоа, јас знам дека тие луѓе заработуваат пари од тоа, на Јутјуб пуштаат и тоа се наплаќа, мене ми е јасно, но истовремено и ние имаме чест и углед и не е коректно да си играме со честа и угледот на некој, рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here