Дома Македонија Вести Започна селекцијата за прием на новите 600 полицајци

Започна селекцијата за прием на новите 600 полицајци

432
0
АКЦИЈА

Денеска го посетив Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-На огласот за прием на 600 извршители на работното место – полицаец, согласно пропишаните нормативни критериуми и направените административни проверки по однос на бараната документација, се пријавија вкупно 2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени. Сите тие ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните етапи, односно фази на испитување: психолошки проверки, поточно проверки на интелектуалните предиспозиции; општо-образовно тестирање; интервјуа со секој кандидат; потоа безбедносни проверки, како и задолжителни здравствени прегледи, истакна Спасовски.

По завршувањето на сите овие проверки, ќе биде направено конечното рангирање после кое, согласно Законот за внатрешни работи 660 избрани кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители ќе бидат упатени на основна обука за полицаец. На пријавените кандидати им посакувам успех, рече Спасовски.

Posted by Министерство за внатрешни работи on Thursday, July 11, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here