Дома Метео Викендов се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд

Викендов се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд

283
0
АКЦИЈА

Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд (локално над 30 л/м2).

Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен поpоен дожд, електрични празнења, заcилен до силен ветер како и со услови за појава на гpад.

Токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат внимателни, а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања, предупредува Славчо Попоски.

Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе условува подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината, па така истите на повеќе места ќе останат под 30. степени, а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10. степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here