Дома Магазин забава Денес од 17 часот влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен...

Денес од 17 часот влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите!

270
0
АКЦИЈА

Денес од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје влезот ќе биде бесплатен за сите. Во 18:00, жителите ќе имаат одлична можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче, пишува Скопје.инфо.

Летната забава на Школка, во четврток ќе започна со групата „Нокаут“, а викендов ќе биде резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика. Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

Покрај музичките изведувачи кои настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите има детско катче со едукативни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои го направат летото во Скопје незаборавно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here