Дома Македонија Вести Избрани младоженците за Пијанечко-малешевската свадба

Избрани младоженците за Пијанечко-малешевската свадба

566
0
АКЦИЈА

Наталија Богатинова од село Градец и Александар Петровски од Делчево се младоженците кои ќе бидат главни носители на придружната манифестација Пијанечко-малешевска свадба, која во функција на туристичка понуда на регионот по 13 пат ќе се одржи во Делчево.

Како што истакна Зенил Реџепов – Стручни од Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево кое е организатор на настанот, на јавниот конкурс беа пријавени три пријавени пара, а комисијата задолжена за избор на младоженците едногласно ги одбрала Богатинова и Петровски.
-Двата пријавени пара за време на интервјуто им дадоа предност на сегашниот пар и се запишаа во листата за чекање за догодина. Главната имплементација ќе се одржи на 7 Септември на летната сцена во градскиот парк во Делчево. Пијанечко-малешевската свадба е придружна манифестација на „Делчево фест“, Меѓународен фолклорен фестивал кој по 43 пат ќе се одржи во нашата општина. На фестивалот учество ќе земат 15 културно уметнички друштва од Македонија и 5 од странство, изјави Реџепов.

Своето учество на фестивалот како што додаде, досега го потврдиле учесници од Бугарија, Србија, Турција, Романија, Германија и други земји.

На 7 септември оваа година на „Делчево фест 2019“, како што најавува организаторот, ќе има сублимат од повеќе манифестации, а активностите кои се реализираат во текот на целата година, се во знак на одбележување на 45 годишното постоење на КУД „Гоце Делчев“, играорна група која е една од најреномираните македонски претставници на фолклорните фестивали во земјава и странство.

Покровител на 13 издание на Пијанечко-малешевска свадба е градоначалникот на општина Делчево, а подржувачи се Министерството за култура, Агенција за развој и промоција на туризмот, соседните општини Берово и Пехчево и НВО – секторот од регионот Пијанец – Малеш.

Преку видеото во продолжение ви претставуваме дел од Пијанечко-малешевската свадба одржана во 2015

Извор Делчево365

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here