Дома Магазин забава Огнен и Марија ги истераа обичаите и ја крунисаа љубовта на Галичка...

Огнен и Марија ги истераа обичаите и ја крунисаа љубовта на Галичка свадба

529
0
АКЦИЈА

Зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ ја крунисаа својата љубов во рамките на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, која годинавата се одржа по 46. пат.

Годинешнава невеста Марина има потекло од Крива Паланка, а младоженецот Огнен има потекло од Галичник. Тој неколкупат бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Свадбарските обичаи, кои започнаа во саботата вечер во куќата на младоженецот со китење на бајракот и три истрели од пушка, продолжија со традиционална Галичка свадба на која младоженците се заколнаа на вечната љубов, а присутните имаа можност да проследат над триесетина обичаи кои претставуваат своевиден спектакл.

За манифестацијата се ангажирани стотина статисти облечени во автентични галички носии, а за традционалните ора и игри беа задолжени членовите на КУД „Фолклорни бисери“. Она што исто така го привлече вниманието на присутните е коњицата со коњаниците по тесните галички сокаци.

И годинава имаше лајв стрим (видео пренос) од целиот настан, а програмата, освен на голем лед екран поставен на платото, можеше да се следи и преку интернет и други телевизиски платформи.

Со Галичка свадба се отвара и годинешново Галичко културно лето, а ќе се одржат и традиционалните Галичка ликовна колонија, Галичка книжевна колонија и прослава на црковните празници Света Петка и Преображение.

Покровител на Галичката свадба е претседателот Стево Пендаровски кој присустуваше со семејството.

Меѓу гостите беше и министерот за култура, Хусни Исмаили, кој присуствуваше на Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од мијачкиот крај. Манифестацијата во исто време придонесува за зачувување на автентичноста на изворните песни и ора, како и на надалеку познатата галичка носија на која е врежан печатот на вековните македонски традиции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here