Бојан Јовановски , познат како Боки 13 попладневно е уапсен на еден од граничните премини во земјата, неофицијално, на барање на Обвинителството за организиран криминал.
Од Обвинителството за НОВА објаснија дека Јовановски не е приведен, туку тие побарале да биде задржан за натамошно испрашување. Повеќе детали најавија на прес конференција во Јавното обвинителство во 16.30 часот, на која ќе се обратат јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески и Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.