Дома Популарно Коњ впрегнат во запрежна кола колабираше на скопските улици

Коњ впрегнат во запрежна кола колабираше на скопските улици

725
0
АКЦИЈА

Речиси и да нема недела а да не се појави случај како некое животно страда на улиците на градот.

Најчесто се работи за коњи кои се впрегнати во запрежни коли. Експлоатирани до максимум тие колабираат на улиците и најчесто умираат веднаш или по неколку дена.

Пред половина час најнов ваков случај ја вознемири јавноста кога коњ се струполи на земја пред преполната запрежна кола со градежен шут која ја влечеше.

Минатата недела дури и полицијата реагираше во скопско Злокуќани кога граѓани јавија дека коњ е малтретиран додека лежи во многу лоша состојба.

Има ли крај на овие лоши слики и кој е одговорен ?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here