Дома Свет Балкан Вучиќ до Заев: “Тој ми испрати извинување. Јас реков „поздрав друже“, што...

Вучиќ до Заев: “Тој ми испрати извинување. Јас реков „поздрав друже“, што друго да му кажам, да се објаснувам дали сум човек на Русија или не?“

611
0
АКЦИЈА

Српскиот претседател, во синоќешното гостување на ТВ „Пинк“ потврди дека добил извинување од македонскиот премиер за разговорот на Зоран Заев со српските пранкери во кој рече дека Александар Вучиќ бил човек на Русија.

“Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас реков „поздрав друже“, што друго да му кажам, да се објаснувам дали сум човек на Русија или не?“, рекол Вучиќ.

Околу идејата за „размена на територии“ која се спомнува во разговорот на Заев со лажниот порошенко Вучиќ вели дека „со цело срце ја прифаќа”.

„Доколку некој ни го понуди тоа што тој го зборува, јас би го прифатил тоа со целото срце, но очигледно тој зборувал за тоа со некој кој малку се разбира за преговорите меѓу Белград и Приштина”, изјави Вучиќ во гостување на ТВ Пинк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here