Дома Македонија Вести Бујар Османи: Селективната правда е канцер на општеството

Бујар Османи: Селективната правда е канцер на општеството

325
0
АКЦИЈА

Вицепремиерот Бујар Османи давајќи коментар за случајот со апсењето на Бојан Јовановски-Боки 13 рече дека неговата партија ДУИ е разочарана што има вмешаност на јавен обвинител и дека токму ветингот кои тие го предлагаат е единствен начин за враќање на довербата во институциите.

„ДУИ е најголем непријател на селективната правда. Во секој говор претседателот на партијата Али Ахмети ја споменува селективната правда како канцер на општеството. Затоа ние како партија го предложивме законот за ветинг кај сите носители на јавни функции. Ветингот е најдобар начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите и нивниот кредибилитет. Јас не сакам да прејудицирам додека органите не ја завршат истрагата“, рече Бујар Османи по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Османи кажа дека неговата партија смета дека земјава има потреба од институција која ќе биде насочена кон борбата против корупцијата на највисоко ниво и со тој став ќе настапат на лидерската средба која премиерот Зоран Заев ја закажа за в петок.

Бујар Османи е осомничен во истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Пациент“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here