Дома Македонија Вести Заев: Не сум јас тој на кого свртела Катица Јанева

Заев: Не сум јас тој на кого свртела Катица Јанева

569
0
АКЦИЈА

“Не е точно дека сум се чул со Катица Јанева вечерта кога и е одземен телефонот. Тоа се веројатно шпекулации”, изјави Зоран Заев.

Заев одговори по информациите во јавноста дека доскорешната специјална јавна обвинителка непосредно пред одземањето на нејзиниот телефон од обвинителството за случајот Рекет свртела меѓудругото на висок владин функционер и дипломат. Јанева наводно со телефонските повици го спречила нејзиниото приведување.

“Јас за луѓе кои се бореле за правдата аполутно стојам зад нив, стојам зад нив и невини се додека не се докаже дека се инволвирани во криминал”, рече Заев.

Тој вели дека обвинителствотто презело мерки преку одземање на нејзиниот телефон за да утврди дали постои инволвираност или соучество во случајот Рекет или нејзиното име е само злоупотребено.
Заев верува дека веројатно нејзиното име е искористено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here