Дома Uncategorized Прилеп подготвен за Пивофест

Прилеп подготвен за Пивофест

257
0
АКЦИЈА

Се е подготвено за утрешното отворање на 17-тиот по ред Пиво Фест во Прилеп кој ќе трае 4 дена. На овој фестивал досега продефилираа најголемите музички имиња од целиот Балкан и Македонија.

Годинава главна ѕвезда ќе биде Цеца, која ќе пее во петокот, но освен турбо фолк ќе има музички жанрови за сите вкусови.

„Подготовките за Пиво фест се при крај за утрешниот почеток и сум уверен дека се ќе помине во најдобар ред“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Јавните претпријатија истакнаа дека се комплетно подготвени за целосно да ги задоволат сите потреби на гостите.

„Квалитетно перење на улиците, собирањето на сметот, со сето ова ќе се започнува уште во 03.00 часот утрината за да се биде готово до 08.00 часот“, кажа Ирена Станкоска, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Паркингот ќе чини 60 денари и ќе се наплаќа на влезовите на Прилеп.

„Сите возила коии ќе бидат присутни за време на Пиво фестот ќе бидат паркирани на периферијата на градот за да можеме да го растеретиме централното градско подрачје“, рече Илија Иваноски, раководител на сектор за паркинзи.

Главна ѕвезда на утрешниот прв ден од Фестивалот ќе биде групата Галија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here