Дома Македонија Вести ЗОРАН ЗАЕВ: ПРИЈАВИВ РЕКЕТ ВРЗ БИЗНИСМЕНИ

ЗОРАН ЗАЕВ: ПРИЈАВИВ РЕКЕТ ВРЗ БИЗНИСМЕНИ

802
0
АКЦИЈА

Шефицата во оставка и денеска не се појавила на работа. Катица Јанева не пуштила ниту писмено образложение зошто е отсутна од СЈО, каде најави дека ќе остане се додека партиите не договорат нејзин наследник. Се проверува комуникацијата во нејзиниот телефон, кој беше запленет во акцијата Рекет, но нема конкретна информација која била нејзината улога во оваа истрага.

Премиерот Зоран Заев побара што побрзо Вилма Русковска да открие дали Јанева била злоупотребена или учествувала во рекетот. Демнатира дека Катица Јанева му се јавила ноќта пред да биде наводно уапсена. Демантираат и од обвинителството дека имало налог за апсење на Јанева и дека таа се јавувала за спас кај еден поранешен дипломат и еден владин висок функционер.

Заев открива дека прв во обвинителството пријавил дека бизнисмени му се жалат дека им е баран рекет. Таму го советувале сведокот-жртва да сам да пријави и да си поднесе кривична пријава. Но Заев не открива дали Камчев е бизнисменот кој му се жалел дека го рекетираат за да се спаси од кривичното дело како осомничен во „Империја“- случај кој го водеше Лиле Стефанова од СЈО и за кој Јанева ги потпишувала решенијата да биде пуштен од притвор.

Јовановски кој во јавноста е познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски- Кичеец остануваат и понатаму во притвор. Доцна попладнево Кривичниот совет ги одбил нивните жалби.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here