Дома Македонија КОНЕВСКИ: ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ДОНЕСАТ НАРКОЗАВИСНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ

КОНЕВСКИ: ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ДОНЕСАТ НАРКОЗАВИСНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ

303
0
АКЦИЈА

Поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски со статус на Фејсбук се спротистави на одлуката на Министерството за здравство и најавата на министерот Филипче дека се подготвува дисперзиран пункт во Аеродром за зависниците од дроги со кој би се префрлил постојниот од Кисела Вода.

Изјавата ви ја пренесуваме во целост:

ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ДОНЕСАТ НАРКОЗАВИСНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ

Скандалозна е одлуката на Министерството за здравство со која наркозависниците од септември својата терапија ќе ја земаат во поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, која е една од најголемите општини, со најголем број млади луѓе.
Најавата на министерот Филипче дека се подготвува дисперзиран пункт со право ја разбранува јавноста во Аеродром. Државата мора да обезбеди најдобри услови за лекување на зависниците од дроги, но треба многу внимателно да се избираат локациите каде што овие луѓе ќе ги остваруваат своите права.
Сметам дека е крајно несоодветно, па дури и многу ризично, ваков пункт да се отвори во поликлиниката „Јане Сандански“ која меѓу другото се наоѓа во непосредна близина на две големи детски градинки и основно училиште.
Сите сме сведоци на лошите слики од Центарот во Кисела Вода каде расфрланите шприцеви и игли се секојдневие за тамошните жители.
Аеродромци нема да дозволат од септември таквите слики да бидат нивна реалност и поради тоа Министерството за здравство мора со време да ја смени непромислената и според мене избрзана одлука.
Пунктовите мора да се на локации на кои подеднакво безбедни ќе бидат сите. Не смее и не треба ваков пункт да биде отворен во срцето на нашата Општина.
Не смееме да дозволиме Аеродром да се претвори во Општина каде ќе се ризикуваат младите човечки животи и здравјето на населението.

ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ДОНЕСАТ НАРКОЗАВИСНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМСкандалозна е одлуката на Министерството за…

Posted by Ivica Konevski on Thursday, July 18, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here