Дома Македонија Моника Ристовска е осудена на една година затвор

Моника Ристовска е осудена на една година затвор

1179
0
АКЦИЈА

Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор заради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не ѝ ја отповика претходната условна осуда.

На 10 мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here