Дома Македонија Вести Во Маврово викендов ќе се одржи 12-та меѓународна изложба на расни кучиња...

Во Маврово викендов ќе се одржи 12-та меѓународна изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ Маврово 2019“

402
0
АКЦИЈА

Во Маврово викендов ќе се одржи 12-та меѓународна изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ Маврово 2019“. Оваа изложба под падините на Бистра, во организација на Кинолошкото друштво „Скардус“ од Гостивар се одржува шести пат.

Првиот ден ќе се оценуваат 49 раси, а вториот 50. Пријавени се изложувачи од 11 земји, ќе имаме гости од Полска , Франција, Словачка, Русија, Украина и други земји од соседството. Интересно е што имаме и учесник кој со неговиот миленик ќе дојде од градот Хабаровск што се наоѓа на Руско-кинеската граница, а за оваа прилика тие патуваат над дваесет илјади километри.

Покрај натпреварувачкиот дел планираме и дружење со сопствениците и размена на искуства, изјави за МИА Миле Алексоски од „Скардус“ од Гостивар.

За оценувањето на кучињата ќе се погрижат судии со меѓународно искуство: Душан Пауновиќ, Ненад Мариќ и Србија, Владо Пискај од Словачка и Михајло Костовски од Република Македонија.

Организатори се Кинолошкиот сојуз на Македонија и КД „Скардус“ од Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here