Катица Јанева не е во Скопје, туку во родната Гевгелија. Таа веќе една недела е на боледување.
Докторката која ѝ го напишала боледувањето тоа го сторила на 15 овој месец, а ден подоцна Јанева писмено ги известила наделжните служби во обвинителството дека е на боледување.
Како што извести и самото СЈО, минатиот петок Јанева ги известила колегите дека поднесува оставка, а неколку минути подоцна нејзината оставка како писмено соопштение беше јавно објавена на сајтот на обвинителството.
Нејзините две заменички, Ленче Ристоска и Бети Јосифовска немаат законски и правни овластување да потпишат никаков важен документ, а згора на се, не можат да потпишат ниту налог за исплата на плата.
Сите главни овластувања за сега ги има обвинителката во оставка, Катица Јанева.