Дома Uncategorized ЗАЕВ ПАК ЌЕ ОДИ НА ОДМОР ВО ОХРИД И ВО ГРЦИЈА

ЗАЕВ ПАК ЌЕ ОДИ НА ОДМОР ВО ОХРИД И ВО ГРЦИЈА

417
0
АКЦИЈА

Повеќемина членови на Владата на Република C Македонија дел од годишниот одмор ќе го искористат во првите десеттина дена од август, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден. Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оваа година ќе биде на годишен одмор од 25 јули до 5 август и ќе замине на активен одмор во Скандинавија.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што е наведено во соопштението, нема одлучено дали ќе оди и каде би одел, додека заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Заменик претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки сѐ уште го нема соопштено својот план за годишниот одмор.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, како што стои во соопштението, до сега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здpaвство Венко Филипче.

Министерката за пpaвда Рената Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега за сега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинитeeлство, посочуваат од владината прес-служба.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4 до 11 август, но до сега нема одлучено каде.

И министерот за економија Крешник Бектеши дел од одморот ќе искористи во првата од месец август. Со семејството сѐ уште немаат направено избор за својата дестинација.

Првата половина од месец август е планот за одмор и за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, исто така без определена дестинација.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција.

Надвор од земјата, дел од својот годишен одмор, ќе искористи министерот за образование и наука Арбeр Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министер за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

Во првата половина на август на одмор ќе замине и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој оваа година ќе замине на 7 дена во Грција.

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан за свој летен годишноодморски избор ја избра Турција каде што ќе замине на 31 јули.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември, соопшти владината прес-служба

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here