Дома Свет Европа Борис Џонсон нов лидер на британската владејачка Конзервативна партија и ќе ја...

Борис Џонсон нов лидер на британската владејачка Конзервативна партија и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција.

254
0
АКЦИЈА

Џонсон утре би требало и службено да стане премиер, и тоа откако кралицата ќе го прифати неговиот мандат

Околу 160.000 членови на Конзервативната партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, а се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант. За Џонсон гласале речиси 100 илјади од членовите на партијата.

Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, беше фаворит и во анкетите спроведени пред изборната трка.

Неколкумина членови на Владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оcтавки пред Џонсон да стапи на новата функција и самиот да ги отпушти поради пpoивењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.

Британската министерка за образование Ен Милтон денеска поднесе оcтавка поради „сериозна зaгриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ. Таа во оставката истакнува дека „искрено се надевала“ оти Велика Британија ќе може да ја напушти ЕУ во март со договор.

Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here