Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели ако има барање за одземање на имунитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.
Собранието е во постојано заседание. Пратениците каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците.