Дома Популарно Елмас го облече дресот на Наполи

Елмас го облече дресот на Наполи

299
0
АКЦИЈА

Денешниот ден е специјален за македонскиот фудбалер Ељиф Елмас. Тој ги помина медицинските прегледи и набрзо официјално ќе стави потпис на договор со екипата на Наполи.

Поранешниот член на Работнички и Фенербахче е подготвен за предизвикот кој што го носи фудбалот во Италија.

Трансферот во калчолигашот на 19-годишниот офанзивец ќе му донесе плата од 1,5 милиони евра годишно. Карло Анчелоти испрати комплименти за неговата игра и со нетрпение чека да започне соработка на подготовките на „наполитанците“.

Денес Елмас за првпат позираше во боите на новата екипа:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here