Дома Македонија Вести Катица Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Катица Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

393
0
АКЦИЈА

Таа се извини на јавноста затоа што не се појавила во јавноста подолг период, односно од објавувањето на случајот „Рекет“.

„Свесно оставив подолг период да не излезам со став во јавноста иако воопшто не ми беше лесно да го следам јавниот линч и решив да го направам тоа за со мој потег да не се смета дека правам притисок или се мешам во истрагата“, рече Јанева.

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или несторување сум ја злоупотребила должноста. Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат околностите во овој случај, изјави специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Јанева рече дека е свесна дека освен Бојан Јовановски и други лица го злоупотребиле нејзиното име.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here