Дома Магазин Кичевчанец вклучен во светска карате програма за лечење на Паркинсонова болест, секоја...

Кичевчанец вклучен во светска карате програма за лечење на Паркинсонова болест, секоја чест!

328
0
АКЦИЈА

Кичевски карактист вклучен во американска програма за лекување на Паркинсонова болест „Дејан Милошевски – Чобачо, каратист од Кичево, работи како главен инструктор во ФМА,Чикаго, каде се спроведува новата програма за лекување на Парккинсонова болест (ПБ) со помош на каратето „Дејан Милошевски“ – Чобачо е каратист од Кичево, чија детската љубов кон спортот-каратето му беше хоби со секојдневни тренинзи, а денес во САД му е секојдневна работа во која ужива.

Тој веќе една година живее во Чикаго, САД, каде што е главен карате инструктор и менаџер во ФМА доџо – Гленвју. Моментално работи на новиот карате проект за лекување на Паркинсонова болест.

Минатата година креиравме нова карате програма за ПБ. По спроведеното првично тестирање на учесниците, резултатите беа изненадувачки. Оваа година потпишавме договор со најголемата болница во Илиноис „Раш хоспитал“.“ – зборуваше Дејан.

Во проектот се вклучени околу 60 учесници, на возраст од 30 до 80 години, со ПБ, а тимот кој работи со нив се состои од лиценцирани ПБ карате инструктори од ФМА, како и доктори и ассистенти од Раш хоспитал. „Доколку резултатите се позитивни од овој проект, оваа програма ќе биде прифатена и признаена како национална и ќе биде спроведена на целата територија на САД“, за нашиот портал додаде г-дин Милошевски.

Инаку за нашите читатели паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говор и други функции, како што се движење, забавеност и вкочанетост. „Со оваа карате програма може да се подобри движењето, размислувањето и меморијата. Исто така има позитивно влијание на физичката појава, расположението и социјалните интеракции.

Пациентот чуствува зголемена сила на рацете, зголемена сила на абдоминалната флексибилност и подобра флексибилност на мускулот.“

За позитивното влијание на каратето во лекувањето на болеста забележуваат и самите учесници вклучени во оваа програма. „Каратето им ги менува животите и се пресреќни. Едвај чекаат да започнеме со тренинг“- изјавува кичевкскиот инструктор.

Милошевски е дел од Фонсека маршал артс, најголемиот карате клуб во Илиноис, со 5 сали и повеќе од 900 уценици. Нивните карате програми се за ученици од 3 години до +75 години.

Извор Порта

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here