Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, ја демантира информацијата дека е уапсена. Оваа информација утринава се појави на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми.
-Најостро ја демантирам информацијата дека сум била уапсена. За секоја идна шпекулација ќе превземам соодветни законски мерки, изјави обвинителката Стефанова за „Фокус“.
Претходно медиумите шпекулираа и дека е извршен претрес кај обвинителката, но таа информација лично ја демантираше Стефанова, но и обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата.