Дома Македонија Вести Пронајден е и другиот мобилен телефон на Јанева, не бил изгубен, туку...

Пронајден е и другиот мобилен телефон на Јанева, не бил изгубен, туку даден на подарок!?

467
0
АКЦИЈА

Обвинителството го најде и вториот мобилен телефон на обвинителката, Катица Јанева за кој таа тврдеше дека и’ е изгубен. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека телефонот е пронајден кај друго лице, кое изјавило дека го добило на подарок.

„Со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок, а истиот ќе биде испратен на вештачење“, велат од Обвинителството, од каде додаваат дека истовремено испитуваат дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.

Во рамките на истрагата за случајот Рекет, вчера Обвинителството го доби извештајот и од вештачењето на мобилниот телефон кој го одзеде од Јанева минатиот понеделник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here