Дома Свет Балкан Пацоли верува дека Македонија наскоро ќе го ослободи поранешниот припадник на ОВК,...

Пацоли верува дека Македонија наскоро ќе го ослободи поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина

199
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, верува дека Македонија наскоро ќе го ослободи поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој во Македонија вчера е уапсен врз основа на потерница од Србија.

Пацоли оценува дека налозите за апсење што ги издава Србија се базирани на политички причини.

„Веруваме дека неговото ослободување и враќање во семејството ќе се случи наскоро. Косово и Македонија имаат блиски пријателски односи и ние тоа прашање ќе го решиме како партнери“, наведува Пацоли.

Портпаролот на Обвинителството за воени злосторства на Србија вчера за „Танјуг“ изјави дека Морина е осмничен за воени злосторсва против цивилно население во Косово и Метохија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here