Дома Македонија Вести Филип Рикер: Имав пријатен и искрен разговор со Мицкоски

Филип Рикер: Имав пријатен и искрен разговор со Мицкоски

276
0
АКЦИЈА

В.Д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер оствари средба со лидерот на макеоднската опозиција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Само неколку часа пред да се случи средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција на која го обзнани предлог Законот за обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ и деталите од законот кој го предлага опозицијата.

Рикер како и по средбата со Заев порача да не се играат играчки, односно што побрзо да се најде решение за Законот за обвинитеелство, бидејќи како што вели тој од овој закон зависи европската перспектива на државата.

Тој посочи дека САД и натаму ја поддржува европската перспектива на земјава и ќе сторат се за таа да стане реалност но некои работи како што е Законот за обвинитeлство зависат од политичките чинители во државава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here