Дома Македонија Во Тетово пронајден убиен општински службеник

Во Тетово пронајден убиен општински службеник

658
0
АКЦИЈА

Во близина на главниот плоштад во Тетово беше пронајдено убиено лицето со иницијали Ф.Т роден во 1962 година, пренесува Алсат- М.

Безживотното тело беше пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција.

Убиеното лице е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосна истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here