Дома Македонија Вести Катица Јанева наредила „бришење“ на компјутерите во СЈО

Катица Јанева наредила „бришење“ на компјутерите во СЈО

531
0
АКЦИЈА

Катица Јанева наредила „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО, дознава 360 степени од извори во СЈО.

Специјалната обвинителка во оставка од вработените во ИТ-секторот побарала да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство,наредбата од Јанева била дадено усно и, според изворите на „360 степени“, веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе. Постапката требало да ги опфати сите компјутери во ова обвинителство.

Иако постапката на „форензичко бришење“ нема да ги загрози документите што постојат во компјутерскиот систем на СЈО, сепак, неповратно ќе ги избрише податоците за тоа на кој компјутер, во кое време, од кое лице, што било работено.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here