Дома Магазин Три храбри девојки меѓу коњаниците на Илинденскиот марш

Три храбри девојки меѓу коњаниците на Илинденскиот марш

624
0
АКЦИЈА

Оваа година три девојки со коњниците тргнуваат на Илинденскиот марш за Крушево, со цел да им оддадат почит на хероите.

Драгана Каловска трета година по ред учествува, Елена Мишева втора година, а за прв пат нив ќе им се приклучи и 17 годишната Марија Стамболиска. Пред да тргнат на пат, тие имаа подготовки.

Дваесетина коњаници од четата од Горно Лисиче, Мавровската чета која што тргна вчера од Врбен со десетина коњаници, тие се спојуваат во Кичево со Кичевската коњаница и заедно пристигнуваат во Крушево на 31 јули. Во 18:30 часот денеска од црквата Св. Апостол Петар и Павле во Горно Лисиче, по молитвата и заклетвата ќе тргнат и девојките за Крушево.

За честувањето на големиот празник Илинден тие ќе бидат во Крушево. Секоја година граѓаните на Крушево излегуваат за да ги пречекаат коњаниците. Оваа година се организира 41-от по ред Илинденски марш.

Извор Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here