Дома Популарно Затворениот руски опозициски лидер Навални, заврши во болница

Затворениот руски опозициски лидер Навални, заврши во болница

293
0
АКЦИЈА

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој моментално е во затвор поради организирање недозволени протести, утрово е хоспитализиран откако имал акутна алергиска реакција, соопшти неговата портпаролка.

Навални оваа недела започна да ја отслужува 30 дневната затворска казна поради организирање на недозволени протести против исклучувањето на опозициските кандидати од учеството на локалните избори во септември.

Кира Јармиш, портпаролката на Навални, на Твитер напиша дека Навални утрово бил хоспитализиран со „тежок оток на лицето и црвенило на кожата“.

Таа изјави дека причината за неговата алергиска реакција не е позната и дека никогаш порано немал таква реакција.

Рускиот министер за внатрешни работи и московската болница, во која Навални се наоѓа, според наводите на неговата портпаролка, не биле достапни за коментар.

Навални, еден од најистакнатите руски опозициски политичари, во последниве неколку години отслужи неколку затворски казни поради организирање на протести против владата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here