Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска е вратен во притвор во Истражниот затвор во Шутка бидејќи лекарите утврдиле дека нема потреба од хируршка интервенција.
Јанакиески пред пет дена беше пренесен во приватна болница, каде требаше да му биде извршена операција на срце.
Од затворот во Шутка потврдуваат дека Јанакиески е вратен во притворското одделение. Од таму велат дека по направените испитувања, утврдено е дека неговата здравствена состојба е добра.