Дома Македонија Вести Манфестација избор на најдобра „Мавровско-реканска пита 2019“

Манфестација избор на најдобра „Мавровско-реканска пита 2019“

462
0
АКЦИЈА

Во Ростуше седиштето на општина Маврово и Ростуше викендов беше одржана 15. манифестација избор на најдобра мавровско-реканска пита.

На оваа значајна манифестација, која е дел од богатото „Мавровско-реканското културно лето“ што го организира општината, во конкуренција за избор беа 80 пити, што досега е рекордна бројка на учеснички, кои ги имаше од сите населени места на општината.

Петчлената комисија имаште тешка работа при одлчувањето која од нив да ја прогласи за најдобра. Сепак се одлучи прво место да и додели на Елмира Бардул од село Скудриње која имаше подготвено пита со зелје, второ место на Мерхунка Сејдиу, за бурек-пита и трето место на Фатиме Беќири, за пита-сонце.

Дел од големиот број туристи од земјава и странство, го посетија и водопадот Дуф, имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма подготвена од учениоците од село Скудриње и нивниот професор Бешир Рамадани, а Зекија Задику одржа презентација на домашни производи.

По традиција присутни беа и голем број печалбари од реканскиот регион кои главно работат во Италија, Германија и Швајцарија, а моментно се на одмор во родниот крај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here