Дома Македонија Одложена расправата за пописот

Одложена расправата за пописот

198
0
АКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ побара од дневен ред на Комисијата за европски прашања да биде симната точката за Закон за попис на населението во 2020, претседателот на Комисијата Артан Груби само ја прекина седницата.

Претходно на барање на Груби мнозинството членови го утврдија дневниот ред вклучително со Законот за попис, но за оваа точка расправата ќе продолжи, како што рече Груби, по политичките консултации.

Како што е познато, Законот за попис на населението е владин предлог со кој во посебна графа се дозволува и евидентирање на иселниците и тоа преку матични броеви.

ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото решение поради што пред две недели се формирани и меѓупартиски работни групи меѓу власта и опозицијата.

Засега нема исход од преговорите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here