Дома Македонија Со скопски камион превезувал 79 мигранти

Со скопски камион превезувал 79 мигранти

416
0
АКЦИЈА

На 28.07.2019 година во 12,15 часот од страна полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ со полициски службеници од Р.Унгарија, во Гевгелија на место викано „Касарна“, сопрено било товарно моторно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци-Стојаково.

По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје. Во возилото биле пронајдени 79 лица- мигранти, а возачот на возилото бил лишен од слобода за натамошна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here