Дома Македонија Синот на пратеникот Џевад Адеми е ранет при пукање на свадба

Синот на пратеникот Џевад Адеми е ранет при пукање на свадба

269
0
АКЦИЈА

Синот на пратеникот од ДУИ Џевад Адеми и уште едно лице се ранети на свадбена прослава во Мала Речица. Инцидентот се случил синоќа по 22 часот.

Од семејството на Адеми потврдиле дека од заталкан куршум биле ранети две лица кои се пренесени во болница во Скопје и дека еден од нив е синот на пратеникот.

Од МВР соопштија дека повредените се на возраст од 26 и 27 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here