Дома Метео Денес сончево и топло со температура до 39 степени

Денес сончево и топло со температура до 39 степени

225
0
АКЦИЈА

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој по должина на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 24, а максималната ќе е во интервал од 30 до 39 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 36 степени.

До сабота ќе се задржи доста топло време со повремено засилен северен ветепо должина на Повардарието, а в сабота ветерот ќе засилува насекаде. В сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде малку посвежо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here