Дома Свет Балкан Еди Рама: Немам ни една клетка грчка крв, јас сум православен Албанец

Еди Рама: Немам ни една клетка грчка крв, јас сум православен Албанец

269
0
АКЦИЈА

Премиерот на Албанија Еди Рама ги демантираше грчките медиуми кои објавија дека во него има и грчка крв.

„Кај мене нема ниту една клетка грчка крв туку сум првославен Албанец онака како што има и првославни Грци, што значи дека првославните Албанци се Албанци како што и првославните Грци се Грци“ нагласи за албанските медиуми премиерот Рама.

Коментирајки ги најавите на новата влада на Грција околу одредени нови услови што Тирана треба да ги реализира за да добие датум на преговори во октомври, особено околу правата на грчкото малцинство во Албанија, Рама истакна дека Албанија имала секогаш добри односи со Грција.

„Со новата влада во Атина очекуваме продолжување на дијалогот за прашања кои се однесуваат на почитување, разбирање и пријателство, што значи и поставување на прави точки поврзани со правата на грчкото малциснтво во Албанија“ истакна албанскиот премиер Еди Рама.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here