За влез во Грција, на граничниот премин Евзони, и утрово се чекаше и по два часа, што значи дека „шпицот“ не помина вчера. Колоните возила се речиси споени со македонската граница.
Од АМСМ, пак, известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути.