Изгаснат е пожарот во познатата „Папагал-зграда“ во Скопје кој избил вечерва.
Пожарот бил пријавен во полиција во 20.40 часот. Половина час подоцна огнот беше целосно изгаснат од пожарникарните екипи.
Според жителите на зградата пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца. Како што раскажуваат на пожарот му претходела силна експлозија, што ги вознемирило жителите и од околните згради.
Засега нема информација за повредени лица, но е причинета поголема материјална штета.