Дома Метео Денес сончево и топло со слаб северен ветер

Денес сончево и топло со слаб северен ветер

200
0
АКЦИЈА

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени. УВ-индексот 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

УХМР соопшти дека следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here