Дома Здравје Филипче: Лек од аптека ќе може да го подигне лично само оној...

Филипче: Лек од аптека ќе може да го подигне лично само оној на кој е препишан

3891
0
АКЦИЈА

Тој кажа дека станува збор за комплексен механизам за контрола, односно дека ќе се следат рецептите на тој начин што од аптека ќе може да го подигне лично оној на кој е препишан, а дека се работи и на решение за оние што не се во состојба сами да ги подигнат лековите.

На новинарско прашање до каде е истрагата за можните злоупотреби со лековите на рецепт, за кои премиерот рече дека постојат индиции, Филипче кажа дека анализата ја работат со Фондот за здравствено осигурување и дека во текот на септември и октомври ќе излезат со информации.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се укинуваaт квотите во туристичките места, односно во Охрид, Ресен, Дојран, Струга и Гевгелија за да излезат во пресрет и на жителите, но и на туристите. Тој кажа дека се години наназад во летниот период поради наплив на туристи квотите на лекови во овие градови се трошат многу побрзо и жителите остануваат без потребната терапија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here