Екстрадиција на Томор Морина не смее да има, затоа што тоа ќе ги наруши односите на Косово и Македонија, смета косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај во изјава за ТВ21.
-Сепак, потсетувам дека неговата екстрадиција целосно се коси со човековите права и е незаконска и неприфатлива. Не треба да се случи, бидејќи можното екстрадирање веќе нема да биде на лична штета на Томор Морина, туку може да има последици врз меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Не би сакале ваквите случаи да влијаат за можно нарушување, за кое, ние како Косово, воопшто не сме заинтересирани-рече амбасадорот Дедај.
Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, беше уапсен во земјава, по налог од Србија, кој ја бара неговата екстрадиција. Барањето е издадено од Интерпол – Србија, пишуваат српските медиуми.
Министерката за правда Рената Дескоска вчера рече дека до Министерството за правда не е пристигнато барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина.
„Штом ќе пристигне, веднаш ќе биде препратено на судовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање.