Дома Uncategorized Нова стихозбирка за деца од истакнатиот поет Наум Попески

Нова стихозбирка за деца од истакнатиот поет Наум Попески

220
0
АКЦИЈА

„Дувни, дувни ветренце“ е најновата книга песни за деца од Наум Попески, објавена од „Бата прес“ од Скопје.

Стихозбирката содржи околу 90 песни на различни теми за игра и забава на најмалите и е наменета, пред сè, за деца од претшколска возраст.

Попески досега има објавено повеќе од 20 книги за деца. Познат е како автор на првиот Бонтон за деца на македонски јазик.

Неодамна ја објави „Македонска азбука во стихови“, како и монографија за Поречието.

Извор Опсервер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here