Дома Македонија Вести Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавно...

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавно обвинителство

162
0
АКЦИЈА

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавно обвинителство, но и покрај тоа двете страни се отимисти дека компромис сепак е можен доколку спротивната страна го прифати туѓиот предлог.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, обвини дека на работните средби за законот за обвинителство се забележува чувство на одмазда и атак кон неговата партија.

Премиерот Заев побара од сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои, како што рече, се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран.

Лидерот на опозицијата Мицкоски за иднината на СЈО останува со став, дека предлогот на власта е обид за пресметка со политичките неистомисленици, но е оптимист дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат прифатени.

За неговите обвинувања дека Катица Јанева го уценувала, вели не бил повикан да даде исказ во Обвинителство, но за целиот случај „Рекет“, најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, сите инволвирани функционери ќе одговараат.

За владиниот Предлог – закон за Јавно обвинителство претседателот на Собранието, Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here