По пет месеци, детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев.
Освен Чадиковски, откази најавуваат и десетина други членови на тимот кои преминаа од државната во приватната болница, како дел од јавно-приватно партнерство.
Неофицијално, причината е тоа што не биле исполнети ветените услови, но и различните мислења во однос на функционирањето на Чадиковски и Митрев.