Дома Македонија Вести „Белата чума“ коси во Македонија: Граѓаните масовно се иселуваат во Германија

„Белата чума“ коси во Македонија: Граѓаните масовно се иселуваат во Германија

684
0
АКЦИЈА

Според најновите информации дневно од 300 до 500 македонски граѓани се распрашуваат за работа во Германија преку социјалните мрежи.

Токму овој податок го откриваат иселениците кои долго време живеат и работат во Германија. Еден од иселениците вели – „Дневно на социјалните мрежи за работа во Германија прашуваат од 300 до 500 луѓе. Луѓето се интересираат да дојдат и да се интегрираат во Германија.“

Агенциите кои посредуваат за добивање работа во странство укажуваат дека најголемиот број на кандидати кои сакаат да заминат од Македонија се на возраст меѓу 19 и 25 години. Станува збор за млади луѓе кои тука не успеале да го продолжат образованието, како и за оние кои се стекнале со високо образование, но не успеале да се вработат.

Но податоците велат дека во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.

Најголем дел од граѓаните според кажувањата на иселениците се интересираат за работа со македонски пасош.

„Со македонски пасош засега може да се работи со работна виза, тоа е така уште од 1 јануари 2016, тој закон важи до 31 декември 2020, во делот на општи работници. Тоа што пишува по социјалните мрежи дека може без амбасадата, се уште не е точно, мораме прво термин во германската амбасада за апликација за германска виза. Од 1 јануари 2020 за квалификувани лица ќе може да се дојде во Германија, имаме шест месеца на располагање да си најдеме работа, сместување и таму документите се да ги средиме.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here